Проект на Европската унија (ЕУ) во вредност од 450.000 евра, чија цел е зајакнување на капацитетите на Народната банка на Република Македонија (НБРМ) и нејзино прилагодување кон европските стандарди, претставен е во вторникот во Скопје. Проектот за анализа на потребите на НБРМ за пристапување во Европскиот систем на централни банки (ЕСЦБ) и Евросистемот бил одобрен на 15 октомври 2012 година, а најголем дел од средствата се обезбедени преку ИПА фондовите на ЕУ. Предвидено е имплементацијата на овој проект да трае девет месеци. Гувернерот Димитар Богов истакна дека со реализацијата на проектот и препораките кои ќе произлезат од него ќе и се олесни на НБРМ поефикасно да го спроведе процесот на приклучување во ЕСЦБ, а подоцна и во Евросистемот, штом Македонија ќе ги исполни критериумите за пристапување во ЕУ.
Проект на Европската унија (ЕУ) во вредност од 450.000 евра, чија цел е зајакнување на капацитетите на Народната банка на Република Македонија (НБРМ) и нејзино прилагодување кон европските стандарди, претставен е во вторникот во Скопје.
Проектот за анализа на потребите на НБРМ за пристапување во Европскиот систем на централни банки (ЕСЦБ) и Евросистемот бил одобрен на 15 октомври 2012 година, а најголем дел од средствата се обезбедени преку ИПА фондовите на ЕУ. Предвидено е имплементацијата на овој проект да трае девет месеци.
Гувернерот Димитар Богов истакна дека со реализацијата на проектот и препораките кои ќе произлезат од него ќе и се олесни на НБРМ поефикасно да го спроведе процесот на приклучување во ЕСЦБ, а подоцна и во Евросистемот, штом Македонија ќе ги исполни критериумите за пристапување во ЕУ.
“Спроведувањето на европските стандарди и најдобри практики во работењето на НБРМ е од особено значење, бидејќи не само што ќе овозможи процесот на пристапување во ЕСЦБ, туку ќе придонесе и за обезбедување на ценовна стабилност и стабилност и ефикасност на финансискиот систем во земјата, што е предуслов за членство во ЕУ“, рече Богов.
Експерти од ЕЦБ и националните централни банки во изминатите три месеци работеле во соработка со домашни експерти на утврдување на насоките за работата на НБРМ според европските стандарди за работа и најдобри практики во десет области.
Станува збор за монетарна политика и политика на девизен курс, економска анализа и истражување, статистика, платни системи, банкноти, сметководство, правни услуги, внатрешна ревизија, информатичка технологија и човечки ресурси.
Предвидено е во наредниот период експертите да ги проценат состојбите во правната рамка и практиката во работењето на НБРМ во овие области и да ги утврдат „јазовите“ во однос на договорените одредници.
Препораките што ќе се добијат во вид на извештај во последната фаза ќе претставуваат основа за поставувањето на стратешките насоки за јакнење на институционалниот капацитет на НБРМ во наредниот период.
.Евроабасадорот Аиво Орав истакна дека овој проектот ја покажува заедничката посветеност да се поддржуваат земјите кои се со кандидатски статус.
„Нашиот систем не е насочен само кон себе, туку е инструмент преку кој се одржува макроекономската и финансиската стабилност“, рече Орав.
Директорот на Генералниот директорат за меѓународни и европски односи при ЕЦБ Френк Мос, информираше дека Проектот го координира Европската централна банка, а се спроведува во партнерство со централните банки на десет земји од еврозоната, Германија, Естонија, Ирска, Шпанија, Италија, Малта, Холандија, Австрија, Словенија и Словачка.
„Веруваме дека клучните фактори за успех на нашите проекти за техничка соработка се базираат на јасни цели кои што се поставени заедно со корисникот на проектот и дека проектот е имплементиран од страна на експерти од ЕЦБ и од националните банки работат на одредени области“, изјави Мос,
Според него, потпирањето на експерти кои секојдневно работат на одредените области од централно-банкарското работење во моментов претставуваат предизвик.